Се создаде најголемата флота од електрични автобуси во Европа

Шведско-швајцарската корпорација ABB со седиште во Цирих, Швајцарија, доби нарачка за уште 12 системи за полнење од компанијата Volvo Buses, со што ќе се создаде најголемата флота од електрични автобуси и системи за полнење во Европа. Проектот опфаќа инсталација на вкупно 15 ABB полначи до 2018 година во Белгија за напојување на 101 електрично-хибриден автобус на Volvo.

Во јануари годинава ABB ги промовираше првите два OppCharge полначи за 7 електрично-хибридни автобуси во зоната за нулта емисија на издувни гасови во градот Намир. Полначите ќе ги полнат возилата со полна снага од 150 kW за 3 до 6 минути. Полначите на ABB се компатибилни со отворен интерфејс OppCharge протокол, што значи дека и автобусите и другите возила на други производители можат да ги користат.

„Оваа нарачка е нов пресврт во нашата одлучна поддршка за e-mobility проекти и ја потврдува конкурентноста на нашата понуда. Можеме да видиме дека се повеќе градови во светот избираат електрификација на градскиот превоз за да го намалат загадувањето и бучавата. Отворениот интерфејс за брзо полнење на автобуси и камиони OppCharge се користи се повеќе“ истакна Хакан Агневал, претседател на Volvo Buses.

ABB овозможува поврзување на системи, далечинско следење, надградба на софтвер, дијагностика и управување, што, пак, овозможува брза услуга и стабилност на системот. Со повеќе од 5.000 инсталирани полначи во светот кои се поврзани преку Интернет решенијата на ABB нудат најкратко време за реакција.

Електрично-хибридните автобуси Volvo 7900 се речиси бесшумни и не емитуваат штетни издувни гасови на речиси  70% од линијата на која превезуваат патници. Батериите се полнат за 3-4 минути. Потрошувачката на енергија е помала отколку кај класичните автобуси на дизел гориво со исти карактеристики. Вакви автобуси веќе се користат во Гетеборг, Стокхолм, Хамбург, Луксембург и во Намир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.