Нов Iveco Daily Euro 6

Iveco го искористи воведувањето на моторот Euro 6 во Daily и за помали промени во изгледот, односно за дополнително дотерување на внатрешноста.

Daily и понатаму ќе се нуди во изведби од 3,3 и 7,2 тони, а освен фургонот и шасијата во понудата е и минибусот, т.е. и електричната и 4х4 изведбата.

Во понудата се два Euro 6 мотори, 2,3 литарски со изведби од 116, 136 i 156 KС т.е. 3,0 литарски кој се нуди со 180 и 205 KС при што моторот од 180 KС постои и во heavy duty изведби.

Новата генерација мотори е во комбинација со дополнително унапреден, сјаен осумбрзински автоматски менувач и овозможување на заштеда во потрошувачката на гориво од 8% т.е. 12% пониски трошоци за одржување.

Доградена е и кабина па буката е значително пониска, а новоста е и дека апликацијата BUSINESS UP на Iveco со помош на која корисникот на својот паметен телефон или таблет ги добива сите информации за возилото, начинот на возење, а овозможува и навигација т.е. целосен fleet management.

Производството започнува во јуни, по што започнува и воведувањето на пазарот.

Leave a Reply