Новиот Volkswagen Crafter – направен до последен детал

Новиот Crafter ќе ги опфаќа тежинските категории од 3,5 до 5,5 тони, а во понуда ќе бидат вообичаените модели, фургон со единечна и двојна кабина, шасија со единечна и двојна кабина и комбе.

На рапсолагање ќе бидат мотори со моќност од 75, 103, 120 i 130 kW, a во Volkswagen очекуваат да биде најрпдавана верзија на моторот со 103 kW (140 KS). Моторот е, се разбира, Euro 6, а бараната норма е постигната со комбинација од SCR катализатор и филтер за честички.

Постојат верзии со преден, заден и 4×4 погон, додека за пренос на мснагата ќе се користи рачен менувач со шест берзини, како и 8-брзински автоматик. Всушност постојат два автоматски менувачи, односно кај страничниот мотор (преден и 4×4 погон) ќе се вградува Aisinov менувач, а кај задниот погон ZF менувач (овој има и можност PTO извод на моќност до 40 kW).

Ќе има три должини L3 (5,9 m), L4 (6,8 m) i L5 (7,4 m), односно три висини H2 (2,3 m), H3 (2,6) i H4 (2,8 m). Максималниот волумен на теретниот простор е 18 m3, широчината на отворот на страничните лизгачки врати е 1,3 m, додека височината на теретниот простор е (во H4 моделот) 1,82 m.

Новиот Crafter има електро-механички управувачки систем кој што изискува мала снага при управување, дава и одлично чувство при управувањето, па и како опција има можност за активно одржување на правецот на движење.

Истотака, наместо предната крута суспензија (suspension – висечко поврзување) со попречна лисната опруга, новиот Crafter сега има независна McPherson суспензија, што дополнително придонесува кон подобри возни карактеристики. Ваквата изведба беше потребна поради попречната поставеност на моторот, односно предниот погон. Треба да се истакне и одличната положба позади управувачот и добрата прегледност во сите правци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.