Забрана за камиони на Плетвар, Стража, Пресека

Од 08 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар од превентивни причини, информира АМСМ.

Oд 08:10 часот на магистралниот пат Охрид – Гостивар на планинските  превои Стража и Пресека  воведена е забрана за камиони, поради обилни врнежи на снег. Од 08:20 часот пак, на магистралниот  пат Гостивар -Дебар поточно од Мавровска раскрсница кон Дебар, исто така е воведена забрана за тешки моторни возила поради обилни врнежи на снег.

Сообраќајот на сите патишта се одвива во зимски услови, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села не е прооден за секаков вид сообраќај.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир каде има задржување од 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Leave a Reply