Mercedes-Benz Citaro – најпродаван градски автобус

Mercedes-Benz Citaro оваа година одбележува двe значајни годишнини, 20 години претставување и испорака на 50.000-тото возило, со што ја потврди титулата за најпродаваниот градски автобус на светот.

Јубилејниот модел е испорачан на Виенскиот градскиот превозник Wiener Linien и е дел од нарачаната флота од 59 автобуси со што овој превозник дополнително ќе ја зголеми сегашната флота од 221 автобус.

Citaro направи вистинска револуција  во 1997 година, кога за прв пат се појави со најмодерниот  CAN, за собирање на податоците во автобусот, диск сопирачки на сите тркала, иновативен простор за патниците и други бројни решенија.

Citaro на пазарот може да се најде со бројни различни решенија и тоа како соло автобус, како зглобен, Citaro K како кратко решение, Citaro LE како ниско влезен тип, Citaro Ü/GÜ за приградска намена, како и посебни решенија со висок капацитет CapaCity/ CapaCity L.

Станува збор за автобус кој се вози по целиот свет, па така освен во европските градови може да се сретне во Турска, Мексико, Арапскиот полуоствров, Сингапур, Јапан, па дури и н а малиот остров во индискиот океан, La Réunion.

Leave a Reply